АктуелноОхрид

Прогласени најдобрите екипи на општинскиот „Семафор 2026“

Денес заврши дводневната манифестација „Општински семафор 2026“. На едукативно забавниот натпревар во организција на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот и Општинскиот совет за превенција на детско престапништво, учествуваа учениците од основните и средни училишта во градов. На манифестацијата се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.

– Совладувањето на сообраќајните вештини и учењето на сообраќајната култура од најрана возраст, претставува исклучително важна работа за безбедно и правилно учество во сообраќајот за сите учесници. Ја користам оваа прилика да упатам честитки на организаторите на манифестацијата, која од година во година со нови содржини и форми ја прави манифестацијата популарна меѓу најмладите.

Верувам дека и оваа година, совладувањето на новите вештини и знаења, ќе придонесат за уште поефикасно и побезбедно вклучување во сообраќајот на нашите деца – истакна Пецаков.

Првото место во конкуренција на основните училишта го освои екипата на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти, второто место му припадна на ОУ „Григор Прличев“, а третото место го зазеде ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец.

Во конкуренција на средните училишта, најдобри беа учениците од „Св. Кирил и Методиј“, на втората позиција беа учениците од „Св.Наум Охридски“, а третото место го освои екипата на „Св.Климент Охридски“.