АктуелноОхрид

(ВИДЕО)Одржан петтиот и последен акатист од великиот пост кон Пресвета Богородица во црквата Св. Никола во Враништа

Голем број верници присуствуваа попладнево на петтиот акатист посветен на Пресвета Богородица, кој се одржа во парохиската црква Св. Никола во село Враништа.

-Петтиот акатист не потсетува дека Богородица е мост меѓу небото и земјата, но мостот не служи само да се гледа, туку и да се помине по него. Затоа ако навистина сакаме нејзина помош, да се научиме на трпение, да се научиме на тивка молитва. Да не ја бараме само кога ни е тешко, туку и кога ни е добро, рече помеѓу другото Отец Ристе Наумоски.