Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со амбасадорот на Република Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ.
На средбата, градоначалникот Пецаков му додели Благодарница на амбасадорот Јаќимовиќ за неговиот посветен ангажман и значајниот придонес во продлабочувањето на соработката помеѓу Амбасадата на Босна и Херцеговина во Република Македонија и Општина Охрид.
Градоначалникот Пецаков особено ја истакна улогата на амбасадорот во отворањето на Почесниот конзулат на Босна и Херцеговина во Охрид, како важен исчекор во унапредувањето на пријателските и билатералните односи помеѓу двете држави.
На средбата градоначалникот и амбасадорот разговараа за заложбите за продлабочување на соработката во повеќе области, како и за промоција на потенцијалите на Охрид на туристичкиот пазар во Босна и Херцеговина.












