Се работи за асфалтирање на улична мрежа со вкупна должина од 700 метри и ширина од 4,5 метри. Се поставуваат два слоја асфалт (7 + 5 см), согласно проектната документација.
Вредноста на инвестицијата за асфалтирањето изнесува 8 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Со реализацијата на овој проект се подобрува инфраструктурата за жителите во овие населени места.











