На државниот натпревар по математика, кој минатата сабота се одржа на Природно-математички факултет, ученикот Ахмед Сулејман постигна извонреден успех и го освои првото место, освојувајќи максимални 100 поени.
Негова менторка е професорката Александра Томоска, под чие водство Ахмед успешно го развива својот талент за математика. Овој значаен успех е резултат на долгогодишна посветеност и љубов кон математиката.
Ахмед уште од четврто одделение активно учествува на бројни општински, регионални и државни математички натпревари, на кои има освоено голем број награди и признанија, потврдувајќи го својот исклучителен талент и труд. Со својата упорност, дисциплина и желба за знаење, Ахмед претставува гордост не само за своето училиште, туку и за целиот град Охрид.
Неговиот успех е доказ дека со труд и посветеност младите можат да достигнат врвни резултати. На Ахмед му посакуваме многу успех и одлично претставување на претстојната Математичка олимпијада, каде ќе има можност повторно да го покаже своето знаење и потенцијал.












