АктуелноОхрид

Осветување на камбанарискиот крст и негово поставување на новата камбанарија во црквата Св. Јован во Мислешево

Во селото Мислешево на 15 март 2026 година, на празникот Крстопоклона Недела ќе се одржи свечен чин на осветување и поставување на камбанарискиот крст на новата камбанарија.

Чинот на осветување ќе го изврши митрополитот дебарско-кичевски г. Георгиј, а настанот ќе започне во 11:30 часот.

Од црквата упатуваат покана до сите верници да присуствуваат и да земат молитвено учество во овој свечен духовен настан, со кој ќе биде одбележано поставувањето на камбанарискиот крст на новата камбанарија во селото.