АктуелноОхрид

Работилница за самошминкање по повод 8 Март во Струга

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, во Струга ќе се одржи едукативна и инспиративна работилница насловена „Научи сама да се нашминкаш – за секојдневна самодоверба“.

Работилницата ќе ја води Милена Блажеска, сертифициран професионален make-up артист, која ќе сподели практични совети и техники за правилно и едноставно секојдневно шминкање.

Учесничките ќе имаат можност да научат како правилно да ја истакнат својата природна убавина, како да постигнат брз и елегантен дневен изглед, но и како да ги изберат производите што најдобро одговараат на нивниот тип кожа и личен стил.

Организаторите истакнуваат дека настанот не е само едукативен, туку и простор за женска поддршка, градење самодоверба и грижа за себе, во духот на одбележувањето на 8 Март.

Работилницата ќе се одржи на 6 март 2025 година (четврток), со почеток во 17 часот, во просториите на ЗРА „Аква“ во Струга.