Во организација на Џудо Федерација на Македонија се одржа Државното првенство каде младите надежи го покажаа својот квалитет, дисциплина и шампионски дух. Овој настан беше вистински празник на спортот и доказ дека Струга гради силна и светла спортска иднина за нашиот град и за Република Македонија 

Помлади пионери/ки
Мелани Јакуповска (-40кг) – 1 место
Катерина Клењоска (-52кг) – 1 место
Елеонора Јосифоска (-57кг) – 1 место
Давид Спироски (-55кг) – 1 место
Енил Ајдиноски (-60кг) – 1 место
Мила Стојанова (-48кг) – 2 место
Мунир Ајдуноски (-50кг) – 2 место
Мартина Салви (-52кг) – 3 место
Ајлин Бајрамоска (-36кг) – 3 место
Славјан Чаторошкоски (-34кг) – 3 место
Ненад Костоски (-38кг) – 3 место
Дамјан Пејоски (-38кг) -3 место
Јуниори/ки
Анамарија Стојмиловска (-52кг) – 1 место
Теа Донева (-63кг) – 1 место
Мишела Јаулевска (-63кг) – 2 место
Лука Колевски (-73кг) – 2 место
Овие млади џудисти се гордоста на Струга!
Тие покажаа дека со напорна работа, дисциплина и верба во себе можат да се постигнат големи успеси.
Секој освоен медал е чекор напред кон уште поголеми натпревари, европски и светски сцени.
Струга има шампиони. Македонија има иднина. А овие деца се доказ дека најдоброто допрва доаѓа! 











