АктуелноОхрид

Пецаков: ​Како градоначалник и како човек, сакам да ја испратам пораката дека Општина Охрид не е само институција, туку сојузник и поддржувач

Денес, кога го одбележуваме Меѓународниот ден на ретките болести, ја насочуваме нашата поддршка кон сите оние наши сограѓани кои водат тивки, но херојски битки.
​Како градоначалник и како човек, сакам да ја испратам пораката дека Општина Охрид не е само институција, туку сојузник и поддржувач. Нашата цел е јасна да градиме заедница во која никој не се чувствува заборавен или оставен сам на себе.
​Горд сум што Охрид традиционално дава силна поддршка на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“, која е во организација на Здружението “Ретко е да си редок”. Нашата поддршка ја имаат и во сфери како образование и проекти.
Продолжуваме да инвестираме во инклузивноста, да ја подигаме свеста и да обезбедуваме подобар квалитет на живот за секој поединец.
​Ретки сте, но сте силни! Вашата храброст е наша инспирација.