Во просториите на Дебарско-кичевската митрополија во Охрид, митрополитот Георгиј оствари топла и срдечна средба со претставниците, пациентите и семејствата од здружението на граѓани со ретки болести „Ретко е да си редок“.
Оваа прва заедничка средба беше повод за заедничка молитва и духовен разговор, а воедно и можност да се чујат животните приказни и секојдневните искушенија со кои се соочуваат овие храбри луѓе.
Преку споделените совети и татковскиот благослов, митрополитот им посака на присутните непоколеблива вера, трпение и силен дух во нивната благородна борба за здравје и достоинствен живот. Црквата, пак, секогаш ќе нуди прибежиште, утеха и поддршка за оние кои носат тешки животни крстови, отворена за сите кои со својата пожртвуваност го прават светот похуман.










