Ми беше особено задоволство да бидам дел од прекрасниот маскенбал „Емшири 2026“ во Велгошти, по повод големиот верски празник Велики Поклади – Прочка.
Дечињата со своите разнобојни и креативни маски донесоа насмевки и вистинска празнична атмосфера. За сите учесници на маскенбалот Општина Охрид обезбеди пригодни подароци.
Со искрени желби за здравје, меѓусебно почитување, прошка и духовен мир, на сите граѓани им го честитам празникот Велики Поклади – Прочка. Нека овој празник не потсети дека заедништвото, љубовта и семејната топлина се најголемите вредности што треба да ги негуваме секој ден.
Нека е за многу години!
https://www.facebook.com/share/p/1AkwnU5KhV/











