АктуелноОхрид

Забраната за користење вода во Струга останува на сила

Забраната за користење на водата за пиење во Струга и околните населени места продолжува да важи и во наредниот период, информираа од ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга.

Од јавното претпријатие посочуваат дека мерката ќе остане во сила сè до добивање официјално известување од Институт за јавно здравје – Охрид, по што јавноста ќе биде дополнително информирана.

Надлежните апелираат до граѓаните да ја почитуваат забраната и да покажат разбирање додека траат контролите и анализите на водата.

Од претпријатието најавуваат дека за сите понатамошни промени јавноста ќе биде навремено известена.