СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (40) од охридското село Велгошти, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Таа, на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа.
Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.











