Во Општина Струга денеска се одржа работна средба меѓу градоначалникот Менди Ќура и стручен експерт од приватната компанија ангажирана за испитување на состојбата со водата.
На состанокот биле разгледани тековните состојби и методологијата на анализите што ќе се спроведуваат со цел утврдување на фактичката состојба на водата, како и функционирањето на водоснабдителниот систем во општината.
Дополнително, локалната самоуправа испратила официјално барање до Градежен факултет – Скопје, поточно до Катедрата за водоснабдување, канализација и мелиорации, за нивна стручна екипа да изврши подетална и независна анализа.
Паралелно ќе се врши и проценка на евентуалната штета со цел да се утврди обемот на состојбата и да се дефинираат соодветни системски мерки.
Од Општината информираат дека сите понатамошни одлуки ќе се носат исклучиво врз основа на стручни наоди и официјални анализи.











