На 10.02.2026 во 18:15 часот на локален пат помеѓу струшките села Велешта и Октиси, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода лице на (47) од Октиси.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „пежо“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по извршен преглед пронајдена и одземена е марихуана.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.












