Младите борачи од БК АЖДЕР Охрид ( кои се прва генерација борачи во познатата историја на Охрид ), под водство на тренерот Илија Спасески продолжуваат да бележат значајни резултати на домашната спортска сцена, потврдувајќи го квалитетот и континуираниот напредок во македонското борење. На последните државни првенства во различни возрасни категории, неколку талентирани спортисти се закитија со медали и високи пласмани.
Посебно се издвојува Теа Донeва, која по вторпат ја освои титулата државен првак. Минатата година таа беше најдобра во категоријата до 15 години (U15), додека оваа сезона триумфираше и во повисоката возрасна категорија до 17 години (U17). Со овие резултати, Донeва е и дел од боречката репрезентација на Македонија, што претставува значајно признание за нејзиниот талент и посветеност. Резултатите кои ги оствари Теа Донева во досегашните натпревари ја однесоа на статусот „Надежен посртист на Македонија.“
Успешни настапи имаа и останатите натпреварувачи. Лука Колевски го освои третото место во категоријата до 20 години (U20) на државното првенство, покажувајќи стабилна форма и напредок. Во категоријата до 23 години (U23), бронзени медали освоија Мартин Наумоски и Денис Кристо, кои со своите настапи ја потврдија конкурентноста во силна конкуренција.
Овие резултати се уште една потврда за квалитетната работа со младите спортисти и за развојот на борењето во земјава, како и за потенцијалот на новата генерација борачи кои успешно се пробиваат кон врвот на националната сцена.












