Согласно објавениот список на одбиени проекти, апликантите чии проекти не се одобрени имаат право да добијат образложение за причините за одбивањето.
Деталните информации и образложенијата можат да се добијат по електронска пошта на адресата kultura@ohrid.gov.mk или со лично обраќање во канцеларијата на Одделението за култура при Општина Охрид, секој работен ден во периодот од 09:00 до 15:00 часот.
Апликантите чии проекти се одбиени имаат право на поднесување приговор во рок од 7 (седум) дена од денот на објавувањето на резултатите.
Приговорот се поднесува во писмена форма, преку архивата на Општина Охрид.
повеќе на ЛИНКОТ












