Советот на Општина Струга донесе одлука на јавно наддавање да се понуди службеното возило „Ауди“, кое во минатото го користел поранешниот градоначалник Рамиз Мерко, а за чие набавување се водеше постапка за злоупотреба на службената положба.
Возилото било купено по цена од 67.000 евра, а на продажба ќе се најде со почетна цена од 10.000 евра.
Како што е образложено, почетната цена е утврдена врз основа на пресметана годишна амортизација од 15 проценти.
„Аудито“ било во употреба шест години, а во меѓувреме било сервисирано и поправано двапати – во март 2024 и во јануари 2025 година, за што биле потрошени околу 4.000 евра.
4news.mk












