На 16-от Интернационален Онлајн Бреинобреин-абакус натпревар кој се одржа на 24 јануари 2026, од
нашиот Центар за развивање животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид учествуваа 20 ученици. Во конкуренција од 23.912 учесници од 79 земји од светот, нашите Бреинобреин генијалци освоија 3 трофеи, 9 златни и 8 сребрени медали.
И овој пат, интернационално мерливите резултати покажаа и потврдија дека нашите бреинобреин
генијалци се меѓу најдобрите во светот. А успехот се должи на посветеноста, вложениот труд и упорната
работа на децата, на несебичната и професионална посветеност на тренерите и на поддршката од
родителите.
Овој успех претставува потврда дека одиме по вистинскиот пат со имплементација на Бреинобреин
програмата, фокусирани на подобрување на излезните развојни резултати кај децата и градење
поттикнувачки амбиент за учење преку креирање мотивација и позитивен пристап кон учењето, кој им
помага на децата да развијат вештини, знаења, компетенции, самодоверба и чувство на социјална
одговорност.












