АктуелноОхрид

Лишени од слобода две лица од Грузија кои оствариле илегален влез на македонска територија

На 28.01.2026 година во 00:20 часот, на регионалниот пат Радожда-Струга, лишени од слобода се лице на (42) и лице на (41), двајцата од Република Грузија.

Од преземените мерки, констатирано е дека тие, оствариле илегален влез и незаконски престој на македонска територија, по што, согласно член 159 и 165 од Законот за кривична постапка, се задржани во полициска станица за натамошна постапка.