АктуелноОхрид

„Во чекор со судбината“ жвотот на Марко Пејчиноски преточен во пишани зборови

 

Јас сум Марко Пејчиновски и ви се обраќам со цел да ве информирам за излегувањето на книгата „Во чекор со судбината“, напишана од мојот татко како сведоштво за мојата животна приказна.

Насловот на книгата претставува апстрактен поим за реална животна сторија, приказна за борба со непредвидливите искушенија што ги носи животот, а кои често ги припишуваме на судбината. Книгата не е мотивациска литература, туку искрен запис за соочување со реалноста, за непомирување и непотклекнување пред околностите.

Во „Во чекор со судбината“ се опфатени лични подвизи и падови, години исполнети со препреки и искушенија, загубата на мајка ми, како и животните лекции што произлегуваат од тие искуства. Приказната е раскажана без разубавување, низ перспективата на татко кој ја документира борбата, растењето и животниот пат на својот син.

Бидејќи книгата е самостојно издание и нема издавачка куќа, истата е достапна за нарачка исклучиво преку директен контакт:
– телефон: 077 844 233
– порака / контакт: Instagram и Facebook

Со почит,
Марко Пејчиновски