ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (25), лице на .(35), лице на ( 18) и лице на (21), сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Грабнување“ и „ Соизвршителство при грабнување“.
Пријавените, делото го извршиле на улицата „Маршал Тито“ во Струга, на штета на 23 годишна девојка од Скопје. Откако ја забележале девојката, извесно време ја следеле и во погоден момент, насилно ја внел во патнички автомобил во што му помогнале останатите пријавени.











