Наш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Собор на Свети Јован Крстител – Канео

Собор на Свети Јован Крстител – Канео
Влера по повод празникот, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дебарско – кичевската епархија г.Георгиј отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот Св.Јован Богослов – Канео. По Литургијата Митрополитот ја посети црквата Св.Никола Геракомија.Традиционално верниците се собираат најпрво во црквата, за потоа групно со литија да се упатат кон месноста Сараиште, каде го прославуваат и Денот на рибарите со масовно капење во Охридското Езеро пеејќи го тропарот на Богојавление. На собирот присуствуваше и Митрополитот г.Георгиј.