АктуелноОхрид

Пецаков: Во духот на христијанството, Богојавление – Водици во Охрид и оваа година ни овозможи да почувствуваме дека верата го обединува нашиот народ

Во духот на христијанството, Богојавление – Водици во Охрид и оваа година ни овозможи да почувствуваме дека верата го обединува нашиот народ.
‎Илјадници верници и гости беа дел од овој свет и значаен ден, сведочејќи ја вековната традиција. Манифестацијата помина во прекрасна атмосфера, исполнета со молитва и искрена радост, покажувајќи дека Водици не е само празник, туку живо духовно наследство на нашиот Охрид
‎Честитки до најсреќниот Мартин Гоџо, кој и годинава го извади светиот крст од водите на Охридското Езеро!
‎Нека е за многу години, на сите верници им посакувам здравје, мир и благосостојба!
‎Бог се јави, навистина се јави!