АктуелноОхрид

(ФОТО) Претседателката Давкова за Водици во Струга

Со чествувањето на празникот Богојавление – Водици продолжив во Струга, каде што Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј ги освети водите на реката Црн Дрим и го положи светиот крст во нив.
Петар Чакарески, најсреќниот меѓу учесниците кои влегоа во осветените води, го дарував со Пафта, Невестински колан, од Битола од 19 век, со желба за здравје, радост и благосостојба.
Богојавление – Водици носи јасна порака за духовна обнова, заедништво и непоколеблива вера, обединувајќи многу генерации верници низ времето!