Денес во Вевчани свечено започнува традиционалниот Вевчански карневал, еден од најстарите и најпрепознатливи карневалски настани во Македонија и регионот. Карневалот, кој со векови ја негува народната сатира и слободата на изразување, и оваа година се очекува да привлече голем број посетители од земјата и странство.
За денешнниот прв ден 12 јануари, предвидн е настап на „Пука козметика“, „Лозано„ и „Брас Брадрс“
Во текот на утрешниот ден учесниците маскирани во автентични и креативни костими ќе продефилираат низ вевчанските улици, носејќи пораки инспирирани од актуелните општествени и политички случувања. Преку хумор, иронија и симболика, карневалските маски традиционално го отсликуваат духот на народот и неговиот критички однос кон секојдневието.
Организаторите најавија богата програма која ќе трае неколку дена, со музички настапи, културни манифестации и традиционалното палење на маските на крајот од карневалот. Според нив, преземени се сите неопходни мерки за безбедност, со цел посетителите безгрижно да уживаат во празничната атмосфера.
Вевчанскиот карневал претставува значаен дел од нематеријалното културно наследство и секоја година потврдува зошто Вевчани во овој период станува центар на сатирата, традицијата и забавата.












