Младиот талент, охриѓанецот Димитар Васлиевски го најавува своето прво официјално музичко издание – песната „Твоето име“. Димитар е автор на текстот, со поддршка на познатиот продуцент, аранжер и композитор Хари Котларовски ја сними својата прва песна во 19-тата година од животот. Видеото е реализирано од страна на Даниел Јовески во неговото студио. Песната “Твоето име” Димитар ја посветува на сите слушатели.
– Мојата љубов кон музиката е уште од раното детство, а по повеќегодишна работа и усовршување, конечно сум подготвен да го споделам мојот прв авторски проект со пошироката јавност. Оваа композиција за мене претставува почеток на едно ново поглавје и искрено верувам дека ќе го најде својот пат до секој слушател, истакнува Василевски.











