Македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“ за првпат била испеана на 31 декември 1942 година, во куќата на Сотир Шута во Струга токму на местово каде што денес се наоѓа спомен обележјето. Таму, во круг на македонски родољуби и учесници во народноослободителното движење, песната за првпат го добила својот глас тивко, но со силна порака за слобода. Од тој скромен дом, химната почнала да го гради својот пат како симбол на македонската борба и идентитет. Ја напишал стружанецот Владо Малески- Тале. Слава им!













