СВР Охрид поднесе кривична против лице на (52) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ по член 278 од Кривичниот законик.
На 15.12.2025 во близина на с.Подмољје, општина Дебрца, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи сопреле товарно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, со кое лицето вршел нелегален транспорт на поголема количина теписи и стази, по што беше лишен од слобода.
Пронајдената стока, е предадена на Државниот пазарен инспекторат од Охрид за натамошна постапка.












