АктуелноОхрид

Новогодишен концерт на гимназискиот бенд

На 31.12.2025 година, со почеток од 14:00 часот, на сцена ТЦ Амам, во рамки на
предновогодишната програма на Општина Охрид – „Охридска новогодишна
приказна“, настап ќе има гимназискиот бенд при ОСУ „Св. Климент
Охридски“ – Охрид.
Публиката ќе има можност да ужива во енергичен музички настап исполнет со
најголемите хитови од 80-тите години, изведени од младите и талентирани
музичари – ученици на гимназијата. Со овој концерт, гимназискиот бенд ќе
придонесе кон празничната атмосфера и ќе внесе младинска енергија и позитивен
дух во центарот на градот.
Ги покануваме сите граѓани, посетители и љубители на добрата музика да ни се
придружат и заедно да ја одбележиме завршницата на старата година со одлична
музика, дружење и празнично расположение.
Настанот е отворен за јавноста.