Едногласно, на последната Седница на Совет за оваа година, советниците го изгласаа буџетот на Општина Охрид за 2026 година којшто е развоен и е резултат на домаќинското работење на актуелната локална власт. Вкупните приходи на Општина Охрид, предвидени за 2026 година по сите основи изнесуваат 2.375.182.576,oo денари.
Од буџетот за капитални расходи се предвидени 25.354.000,оо денари, за урбанистичко планирање 3.000.000,оо ден, уредување на градежно земјиште 11.400.000,оо ден. Уредување на градежно земјиште, 250.470.000,оо ден.
За поддршка на локалниот економски развој 9.300.000,оо ден. За поттикнување на развојот на туризмот 18.425.490,оо ден.
Проектите за енергетска ефикасност ќе чинат 1.000.000,оо денари, а за одржување на урбана опрема 1.050.000,оо денари. За јавно осветлување се предвидени 65.500.000,оо денари, а за јавна чистота 18.231.272,оо денари.
За оддржување и заштита на локалчни улици и патишта и регулирање режим на сообраќај 16.800.000,оо ден.
За одржување и користење на паркови и зеленило-12.107.307,оо ден. Други комунални услуги ќе чинат 9.800.000,оо денари.
Изградбата на јавно осветлување ќе биде во вредност од 8.000.000,оо денари. Реконструкцијата на линиски инфраструктурен објект пешчки патеки во рамките на градските гробишт ќе изнесува 20.309.116,оо ден.
За реконструкција на линиски инфраструктурен објект за постоечки локален пат од камп Љубаништа до стационажа се предвидени 8.696.128 ден.
Реконструкцијата на потег дел од улица „Петрино“ до пресек со ул. „Караорман“ с.Лескоец – Охрид е во вредност од 10.880.238 денари.
Реконструкција на линиски инфраструктурен објкет кој го поврзува с. Велгошти со с. Лескоец е 8.384.851,оо денари
За реконструкција на линиски инфраструктурен објект дел од ул. „Даме Груев“ од кружна раскрсница „Јане Сандански“ со ул. „Питу Гули“ до пресек со булевар „Туристичка“ се предвидени 27.149.446,оо денари.
Реконструкцијата на линиски инфраструктурен објект на дел од ул. „7-ми Ноември“ од кружна крстосница кај Охридска банка до пресек со ул.„Егејска“ е предвидено да биде 31.572.740,оо денари, а за реконструкција на линиски инфраструктурен објект за дел од ул.„Кленоец“ и дел од ул. „Петрино“ се издвоени 12.986.967,оо ден.
Реконструкцијата на линиски инфраструктурен објект населба Бараки Охрид ќе биде 36.992.705,оо денари,а реконструкцијата на линиски инфраструктурен објект- локален пат с. Завој, 23.941.264,оо ден.
За реконструкција на линиски инфраструктурен објект на дел од ул. „Партизанска“ населба Охридати се предвидени 7.721.914,оо денари, а за изградба на катна гаража 76.000.000,оо ден.
Изградбата на сообраќајна сигнализација би била 3.150.000,оо денари.
Проектот за мониторинг и управување СКАДА систем за водоснабдителен систем на град Охрид и изработка на ГИС сиситем ќе чини 61.088.000,оо денари.
Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за фекална и атмосферска канализациона мрежа за дел од ул. „Малесија“, „Александар Гушо“, „Трајче Дојчиноски“, „Први Мај“, „Ванчо Николоски“, „Дебарца“ и „Момчило Јорданоски“ вреди 28.792.745,оо ден.
Други комунални услуги (капитални расходи) се во вредност од 2.700.000,оо ден.
За паркови и зеленило, ккапиталните расходи ќе бидат 1.300.000,оо ден.
Употреба и одржување на урбан простор и парк на дел од Кеј “Македониј“ се 19.958.801,оо денари. За Урбана опрема капиталните расходи ќе се 9.200.000,оо ден.
За културни манифестации и творештво се предвидени 28.990.000,оо денари, а капиталните расходи за Културни манифестации ќе вредат 2.160.000.оо денари
Од новиот буџет за Спорт и рекреација се предвидени 73.490.000,оо денари, за основно образование 39.200.000,оо денари, а за средно образование 2.700.000,оо денари.
Капиталните расходи во основно образование ќе „тежат“ 48.050.002,оо денари, а во средно 35.251.000,оо денари.
За заштита и спасување се предвидени 2.723.200,оо денари, а капиталните расходи би биле 320.000,оо денари.
За заштита на животната средина и природа се издвоени 11.380.000,оо ден.
Унапредувањето на здравствената заштита ќе биде 9.137.020,оо ден.
За детски градинки се предвидени 17.346.000,оо денари, а капитални расходи би чинеле 5.420.000,оо денари.
За Противпожарна заштита ќе има 50.628.000,оо денари, капитални расходи во овој дел би биле 2.200.000,оо денари. За проекти од област на родова еднаквост се предвидени 500.000,оо денари.
Приходите кои се однесуваат на блок дотациите односно наменските дотации, изнесуваат 744.932.258,оо денари. Од нив за финансирање на детска заштита ќе има 79.312.258,оо денари,за територијалната противпожарна единица 10.000.000,оо денари, за основно образование 439.735.000,оо денари, а за средно образование 215.885.000,оо денари.











