АктуелноОхрид

Пецаков: Целосно се комплетирани активностите за реконструкција на уште две спортски игралишта во нашата општина

-Повеќенаменското игралиште во подрачниот објект на ООУ „Григор Прличев“ во населба Рача е целосно уредено и ставено во функција за учениците, со што се создаваат подобри услови за училишен спорт и рекреација.
-Игралиштето во станбениот комплекс на ул. „7 Ноември“ (наспроти Кам Вилиџ) е опремено со реквизити за баскет и фитнес опрема, кои се наменети за рекреација и спорт на жителите од овој дел на градот.
Оваа инвестиција е дел од Проектот за изградба и реконструкција на спортските игралишта во Охрид, кој се реализира со средства од Општинскиот буџет, со цел унапредување на спортската инфраструктура и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.