На 14.12.2025 во 22:49 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на (48) од селото Лескоец, охридско.
При сообраќајна контрола на ул.„15 Корпус“ во Охрид сопрено е патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,66 промили алкохол во крвта.












