АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Ивица успешно опериран, сега на ред е неговото опоравување

Охриѓанецот Ивица Попоски за кој изминатиов период се собираа средства за негово оперирање,e веќе опериран. Според она што Ивица го објави на својот профил, операцијата поминала успешно а сега на ред е неговото опоравување.
Драги хумани луѓе,
Од дното на срцето ви се заблагодарувам за секоја донација, секоја порака, споделување и поддршка што ми ја упативте. Вашата хуманост, солидарност и желба да помогнете направија да се собере потребниот износ и да се овозможи тоа што сам не можев да го постигнам.
Ова не е само финансиска помош — ова е доказ дека постојат луѓе со големо срце кои се подготвени да застанат зад некого во тешки моменти. Вашата добрина ми даде сила, надеж и верба дека не сум сам во овој пат.
Искрено го ценам секој што одвоил време, внимание и средства. Секој од вас има свој удел во ова, и тоа никогаш нема да го заборавам.
Ви благодарам од срце што ми помогнавте тогаш кога најмногу ми требаше. Благодарение на вас и на медицинскиот тим, операцијата беше успешна сега останува опоравувањето .
Со голема благодарност и почит ❤️, напиша Ивица во својата објава на ФБ.