АктуелноОхрид

(ФОТО) Внимавајте: На на патниот правец Охрид – Св. Наум има одрон, сообраќајот се одвива по една лента

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека утрово, од 06:30 часот, сообраќајот на патниот правец Р1301 Охрид – Св. Наум се одвива со отежнат режим поради појава на одрон.

Делницата меѓу селото Трпејца и Св. Наум.

Сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

АМСМ апелира до сите учесници во сообраќајот да возат исклучително внимателно сè додека целосно не се расчисти одронот и не се нормализира сообраќајот.