Во духот на престојните Новогодишни празници првооделенците од подрачното основно училиште во село Враништа денес со возбуда и радост ја накитија Новогодишната елка, на која се поставија разни лампиони, светилки, декорации и блескави украси. Учениците заедно со својот наставникмаксимално се вложија во китењето на елката, а ваквата активност е дел од тимската работа на учениците во пресрет на Новата година.
Кон настанот учество зедоа и дел од родителите кои несебично се вложија и помогнаа за целокупниот настан и декор да излгледа беспрекорно добро, кои заедно со учениците допринесоа кон китење на елката.

Елката дополнително внесе декор и амбиент во нивната училница за целата новогодишна еуфорија која полека но сигурно ги обзема сите.
Ваквата иницијатива е почеток при што во периодот кој следува пред Новата година предвидени се и новогодишна приредба заедно со новогодишен базар, рачни изработки од учениците кои ќе бидат изложени во училиштето.
Со оваа симболична , но исклучително весела активност, првооделенците на најубав начин ја започнаа празничната сезона, исполнета со детска радост, другарство и многу празнична магија.
Видеото на линкот:
https://www.facebook.com/share/v/17g3pyzXR9/












