АктуелноОхрид

Промовирано проширеното издание на „Охридски летопис“ од проф.д-р. Павле Митрески и м-р Димитар Смилески

Во рамките на чествувањата на Св. Климент Охридски, денес во големата сала на Општина Охрид, беше промовирана заокружената целина на книгата „Охридски летопис“ од авторите проф. д-р Павле Митрески и м-р Димитар Смилески. Со  издавањето на оваа книга, авторите истакнаа дек ја постигнеле нивната цел – да се создаде едно заедничко дело, со кое Охрид се здобива со еден вид енциклопедија и водич низ историјата на овој град со долговековна историја и традиција.

Промотор на книгата беше проф. д-р Ѓорѓи Тоноски, кој истакна дека истражувачкиот дух на авторите ни носи едно дело, кое на многу концизен начин не води низ милениумите на Охрид и ќе претставува драгоцено четиво за идните истражувачи.

Делото беше поддржано од Општина Охрид со годишната програма на Секторот за култура.