АктуелноОхрид

Утре храмова слава на Воведенскиот храм во населбата Рача, по повод празникот Пречиста

Света Божествена литургија ќе се служи утре со почеток во 8 часот во Воведенскиот храм во населбата Рача во Охрид по повод празникот посветен на Веведение на Пресвета Богородица, Пречиста, што всушност претставува и храмова слава на оваа црква.

По Богослужбата ќе биде осветена и вода како и сечење на славските лебови од страна на кумот и верниците кои ќе ги донесат.

Поканети се сите верници на заедничко прославување на овој голем христијански пранзик.