Денеска (01.12.2025) ОВР Струга почна со реализација на едукативни кампањи и работилници наменети за младата популација, насочени кон сузбивање на зависности од дрога, алкохол и пушење. Полициските службеници во средното училиште „Ибраим Темо“ во Струга низ интерактивна комуникација со учениците, зборуваа за последиците од зависностите, но и за начините за превенција, како и казнените одредби за кршењето на законите, а беа поделени и едукативни летоци. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид пак реализираа средба со претставници од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца во насока на превенција од телефонските измами за наводни сообраќајни несреќи, чија цел се претежно повозрасните лица. Беше потенцирана потребата од внимателност на граѓаните, тие да бидат соодветно информирани за оваа појава и брзо пријавување на ваквите случаи со цел пронаоѓање на сторителите.











