АктуелноОхрид

Извршен претрес во дом кај лице од Велгошти, пронајдени опаковски со бела прашкаста материја и опојна дрога марихуана, лишени од слобода три лица

На 30.11.2025 година во 02:30 часот, на улица „Илинденска“ во охридското село Велгошти, лишени од слобода се  лица на возраст од (37), ( 41) и  (31), сите од истото село.
Тие се затекнати во домот на едно лице  каде, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, по судска наредба, извршија претрес и пронајдоа најлонски опаковки со бела прашкаста материја и со опојна дрога Марихуана како и други предмети со остатоци од дрога.
Истите се одземени и по целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.