На 30.11.2025 година во 00:50 часот, при контрола во кабаре лоцирано на булевар „Железничка“ и во угостителски објект на улица „Кузман Јосифоски Питу “ во Охрид, утврдено е присуство на малолетни лица на кои им било овозможено, точење и консумирање алкохол.
По целосно документирање на настанот, против правните и одговорните лица, ќе бидат поднесени пријави согласно член 21 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и членот 204 од Кривичниот законик.












