АктуелноОхрид

(ФОТО) Уредени архивските простории во Општата болница во Охрид

РЕШЕН ДЕЦЕНИСКИ ПРОБЛЕМ ВО ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА ОХРИД, УРЕДЕНИ АРХИВСКИТЕ ПРОСТОРИ ВО БОЛНИЦАТА
Врз основа на извршениот инспекциски надзор од страна на Државниот архив на РСМ и по добиениот указ и насоки, В.Д. Директорот на ЈЗУ Општа болница Охрид спец. Др. Горан Маркоски, согласно законите формира Комисија за одбирање и евидентирање на архивскиот материјал.
Комисијата беше формирана од вработени во администрацијата при ЈЗУ Општа болница Охрид, кои имаа задолжение да го одберат и издвојат архивскиот материјал, да одредат рокови за негово чување, да документираат рокови за уништување, да изработат опис и попис на архивскиот материјал. По извршувањето на задолженијата, Комисијата имаше задача да изготви и достави до Архивот на РСМ, барање согласност за уништување на класифицираниот материјал.
Членовите на Комисијата ги мапираа сите простории во ЈЗУ Општа болница Охрид, каде се чуваше архивски материјал и се екипираа по групи и тоа: архива до морга бр. 1, архива до морга бр. 2, архива до перална, архива – котлара, архива – геријатрија и АТД диспанзер.
Во горенаведените архиви се направи попис на целокупниот затекнат архивски материјал, се изврши издвојување на безвредниот архивски материјал и останатиот материјал кој согласно Законот за архивско работење влегува во траен архивски материјал или архивски материјал со рокови за негово чување.
Секоја група за секоја архива поединечно изготви Извештај за состојбата со архивскиот материјал, класифициран спрема Планот и Листата за чување на архивскиот материјал. Воедно Листите беа изработени во координација со одделенијата при ЈЗУ Општа болница Охрид и нивно изјаснување за рокови на чување на медицинската документација. Истото го доставија до претседателот на Комисијата.
Комисијата изврши попис и опис на материјалот односно го издвои архивскиот материјал со рокови за чување, трајниот архивски материјал и архивскиот материјал за уништување, кој изнесува 827,195 метри должни.
ЈЗУ Општа болница Охрид, согласно извештајот на Комисијата, се обрати до Архивот на РСМ за добивање согласност за уништување на 827,195 метри должни безвреден архивски материјал, по што се доби согласност за уништување на документираниот материјал за период од 1941 до 2020 година.
По стекнување на правосилност на решението од Архивот на РСМ, ЈЗУ Општа болница Охрид, склучи Договор за уништување на архивскиот материјал со овластен оператор за подигнување на отпад и негово уништување.
Службите на ЈЗУ Општа болница Охрид продолжија со уредување, чистење, осветлување, како и набавка на нови сталажи за чување на архивскиот материјал.
Со овој зафат беше решен децениски проблем и се обнови достапноста на архивскиот материјал на болницата за потребите на граѓаните на општина Охрид.
Изразуваме посебна благодарност до вработените во администрацијата на ЈЗУ Општа болница Охрид, за нивниот несебичен 8 месечен ангажман, со кој беше реализиран овој проект, а истовремено беа заштедени околу пет милиони денари.
Исто така изразуваме благодарност до Државен архив на РСМ и Државен архив – Одделение Охрид за нивната поддршка и ангажман околу целиот проект.

https://www.facebook.com/share/14RfXLNyjWs/