Отвараме зелен телефон на којшто ве повикуваме да ги пријавувате сите проблеми и недоследности во собирањето на селектираниот отпад. Воедно на истиот телефон можете да ги насочите сите прашања поврзани со воспоставувањето на системот за примарна селекција на отпад во Охрид.
Потсетуваме дека засега селекцијата е започната на улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март”, кадешто пред неколку месеци беа поделени жолти и сини канти. За следните населби кои ќе бидат вклучени во процесот на примарна селекција ќе бидете благовремено известени.
Со Хорека проектот селекција на отпад ќе започнат и девет хотели и 11 училишта до крајот на годината.











