АктуелноОхрид

Доделени наградите за ликовниот и литературниот конкурс “Букет на хуманоста“

На 24.11.2025 година, во просториите на Црвен крст Охрид се доделија благодарници и пригодни подароци на авторите на најуспешните творби од ликовниот и литературниот конкурс на тема: „Букет на хуманоста“.
Конкурсот беше објавен на иницијатива на Програмата за грижа за стари лица „Најди Време“, во рамки на одбележувањето на Неделата за грижа на стари лица, а со цел развивање на креативниот дух и подигнување на свеста за учество во хуманитарни активности – со промоција на хумани вредности и творечки елан кај целата популација, особено кај младите и децата во нашата потесна и поширока заедница.
На конкурсот можеа да учествуваат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца и друга популација, со поезија, проза и ликовна уметност.
На овогодинешниот конкурс беа пристигнати 122 литературни и уметнички творби:
Наградени се следните учесници:
✒️Поезија од I до V одд.
-Прва награда – Јана Наумоска – III одд. ООУ „Григор Прличев” Охрид
-Втора награда – Тамара Цветковиќ – III одд . ООУ „Григор Прличев” Охрид
-Трета награда – Ана Костоска –III одд. ООУ „Христо Узунов” Охрид
✒️Поезија од VI до IX одд.
-Прва награда – Стефанија Бакулеска IX одд. OOУ „Св. Наум Охридски “ Пештани
-Втора награда – Јана Каневче VIII одд. ООУ „Григор Прличев “Охрид
✒️Поезија – средни училишта
-Прва награда –Мила Днечиќ – СОУ „Перо Наков“- Куманово
-Втора награда – Викторија Илоска – ОСУ„ Св. Климент Охридски“- Охрид
✒️Проза од VI до IX одд
-Прва награда – Константин Златаноски IX одд. ООУ „Кочо Рацин” Охрид
✒️Проза – средни училишта
-Прва награда – Бојана Башоска – СОУ„Наум Охридски“ Охрид
🖌️Ликовни творби од I до V одд
-Прва награда – Дамјан Спироски – III одд. ООУ „Христо Узунов” Охрид
-Втора награда – Ана Доковска – II одд. ООУ „Христо Узунов” Охрид
-Трета награда – Михаела Лотеска – БОБ Охрид
– Трета награда – Ана Лазароска – ООУ „Григор Прличев” Охрид
🖌️Ликовни творби од VI до IX одд
-Прва награда – Марија Тасеска – VIII одд. ООУ „Кочо Рацин“ Охрид
🖌️Ликовни творби – средни училишта
-Прва награда – Елена Павловска – ОСУ„ Св. Климент Охридски“- Охрид
-Втора награда – Викторија Илоска – ОСУ„ Св. Климент Охридски“- Охрид
-Трета награда – Блаже Крчев – РЦСОО„Ванчо Питошески„ – Охрид
🙏Црвен крст Охрид изразува огромна благодарност до сите учесници на овогодинешниот конкурс, благодарност за прекрасната соработка со основните и средните училишта од Oпштина Охрид и Општина Дебрца, менторите и родителите. Ве очекуваме со нови креативни творби и следната година.