Грузија, која е просветлена во христијанската вера од светата рамноапостолна Нина, која е роднина на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, особено го почитува светиот Георгиј, како свој заштитник. Дури и едно од имињата на Грузија е: во чест на свети Георгиј, и така ја нарекуваат многу народи во светот. Во чест на светиот великомаченик, рамноапостолната Нина го установила овој празник, во спомен на мачеништвото на свети Георгиј.
Редакцијаноември 23, 2025
posted on

denovi.mk











