АктуелноОхрид

(ФОТО) Реализирана заедничка вежба на ТППЕ Охрид – Пожарна и ДПД Ентузијаст/Volunteer fire association Enthusiast Ohrid во Стариот дел на градот

Денеска во присуство на нашите соработници од покраината Тирол ( Р.Австрија ) , г-дин Петер Логар и г-дин Јоханес Пап, се реализира заедничка вежба на ТППЕ Охрид – Пожарна и ДПД Ентузијаст/Volunteer fire association Enthusiast Ohrid во Стариот дел на градот.
👉 За прв пат е изведена вежба од ваков тип во Стар Град , кадешто пристапот е ограничен поради тесните и непристапни улици и истата е извршена со едно мало навално возило од професионалната противпожарна единица и едно специјализирано возило на ДПД Ентузијаст – Охрид, опремено со специјални пумпи со висок притисок, со кои се изврши извлекување на вода од езерото, поставување на линија, надополнување на пп возилото и директно гаснење на опожарениот објект.
👉 Вежбата се изведе успешно од сите инволвирани со запазување на сите техничко-тактички мерки и протоколи за справување во вакви ситуации