Наш ИзборНаш изборОхрид

Сиљаноски: Нова машина за чистење на канализациони системи – уште еден чекор кон подобра комунална инфраструктура!

Денес официјално ја примивме новата машина за чистење и одржување на канализационите системи, која ќе биде во служба на Општина Дебрца и ЈКП „Дебрца“. На приемот присуствуваше и директорот на Центарот за Југозападен Плански Регион, Валон Каба, со кого заеднички ја означивме реализацијата на оваа значајна инвестиција.
Опремата е набавена преку повикот за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и за зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година, објавен од Министерството за локална самоуправа.
Со одлука на Владата, на Центарот за развој на Југозападниот плански регион му беа доделени 1.200.000 денари, наменети за набавка на оваа опрема за потребите на ЈПКД Дебрца – Белчишта.
Оваа набавка претставува значаен чекор во модернизацијата на комуналниот сектор. Новата механизација ќе овозможи поефикасно, побрзо и поквалитетно одржување на канализационата мрежа, со што директно се подобрува услугата кон граѓаните.
Продолжуваме со реални проекти и вложувања кои носат вистински придобивки за жителите на нашата општина. Заедно градиме подобра Дебрца!