АктуелноОхрид

Лице од с. Велешта физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија

На 31.10.2025 во 15:00 часот на магистралниот пат Подмољје-Струга, полициски службеницн од ОВР Струга го лишија од слобода лице на (45)г. од струшкото село Велешта затоа што физички нападнал полициски службеници кои преземале службени дејствија.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.