Партијата За наша Македонија – ЗНАМ после изборите одржани вчера и бројот на гласови кои ги добија од граѓаните на Охрид , стануваа трета политичка сила во Охрид. Со освоени 2110 гласа тие добија двајца советници, а со бројот на освоени гласови се скоро на половина од тоа што го освои СДСМ. Растот на оваа партиј споредено со претходните избори е скоро 50 % , а овие локални избори ЗНАМ ќе ги памети по фотографијата на која Бранко Црвенкоски и Јован Мирчески Пупе ручаат со Кирил Пецаков и Сашо Донев, а која од медиумите и инфлуенсерите блиски до СДСМ беше масовно бојавувана и споделувана со цел да се наштети на кампањата на ЗНАМ и ВМРО ДПМНЕ, но таа нивна стратегија очигледно даде спротивен ефект.












