Дваесет дена жителите на Горна Дебрца – Велмеј, Средорчје и околните населени места – беа целосно отсечени од светот, без телефонска линија, интернет и мобилна телефонија.
Иако Општина Дебрца и градоначалникот Зоран Ногачески повеќепати писмено реагираа до АЕК, А1 и Телеком, проблемот со прекинот на базната станица остана нерешен.
Но, благодарение на иницијативата и личното ангажирање на градоначалникот Ногачески, денес конечно беше ставен крај на оваа состојба. Со надчовечки напори и координација меѓу екипите на операторите, механизацијата на Општина Дебрца и ЈПКД „Дебрца“, се проби непристапниот терен и базната станица беше успешно оспособена.
Иако ваквите прашања не се во надлежност на Општината, локалната самоуправа уште еднаш покажа дека кога страдаат граѓаните, нема изговори и нема граници!
Жителите на Дебрца се над сè – наша најголема обврска и гордост.
Со оваа акција уште еднаш докажавме дека кога се сака, се може и работиме посветено и неселективно во ФУНЦИЈА НА ЃРАЃАНИТЕ!
Со почит
Јпкд – Дебрца











